Актуелно

Денес облачно, во источните делови со сончеви периоди


Променливо облачно, во источните делови со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта, најпрво во западните, а потоа и во источните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, со слаб до умерен интензитет.

Од вечерните часови снег може да има и во местата над 800м.н.в. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 7 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 2 до 14 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 4 и дневна до 9 степени.

До вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките места и планините слаб снег. Повеќе врнежи ќе има утре попладне и во текот на ноќта кон понеделник, особено во западните делови. На планините врнежите ќе бидат од снег, но кон вечерните часови снег може да се очекува и во местата над 800 м.н.в. Ќе се формира и помала снежна покривка. Во текот на наредната седмица утринските температури на места ќе бидат негативни.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!