Денес ново рочиште во Кривичен за судскиот процес против Панчевски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денеска во Граѓанскиот суд е закажано ново рочиште за судскиот процес против поранешниот претседател на Кривичниот суд, судијата Владимир Панчевски. Судскиот процес се однесува на тужба за мобинг која ја поднесе вработен од одделението за човечки ресурси против Панчевски.

На минатото рочиште дојде неговата одбрана, но тужениот не се појави.

Според тужбата, Панчевски подолг временски период го прераспоредувал на други работни позиции и го казнувал. Тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на судот, се наведува во тужбата.

Судот минатиот пат, на рочиштето на 7-ми месецов, го презакажа рочиштето за денеска за да може одбраната во рок од 15 дена, да достави одговор по тужба во писмена форма.