Денес нестабилно и облачно време


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 18 до 30 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 13 и дневна до 25 степени.

Во среда се очекува да наврнат и пообилни количества, а тогаш и ветерот ќе е посилен. Во следнава недела утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање, а дневните од четврток ќе се во пораст.