Денес ќе се изрече пресудата за Лазаров во случајот „Насилство“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Четвртообвинетиот, Томислав Лазаров, во предметот „Насилство“ како претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, попладнево ќе ја чуе пресудата за него откако на минатото судење призна вина.

Според обвинението од СЈО, Лазаров, кој е обвинет за насилство, заедно со други лица, поттикнал и организирал дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ на протест, со наводен мотив дека ќе се протестира поради рушењето на црквата „Св. Константин и Елена“, која беше во фаза на градба на бул. „Македонија “, иако тоа воопшто не било точка на дневниот ред на седницата. Судијката Татјана Михајлова одлучи да се раздвои постапката за Лазаров и да му се суди посебно.

Тој рече дека немал никакви притисоци ниту од специјалното јавно обвинителство ниту од полицијата. „Не сум уценуван. Изјавата ја давам доброволно“, рече Лазаров. Изјави дека никогаш не би ги повторил истите постапки. Обвинетиот е актуелен советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи рече дека од мозокот на Никола Груевски извира идејата за насилството. Таа рече дека е изненадена од признанието на вината на Томислав Лазаров, но во позитивна смисла.