Актуелно

Денес сончево со мала до умерена облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен и западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 19 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветер.Температурата ќе се движи од пет до 24 степени.

За време на викендот ќе има преодно стабилизирање на времето со свежи утра и нешто потопло преку ден. Нови врнежи од дожд се очекуваат во понеделник кои ќе бидат повремено со умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови.Во вторник и среда врнежите ќе бидат локализирани и со послаб интензитет.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top