Ден Дончев ќе седне на директорското место од Фондот за здравство?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ден Дончев од Коалицијата „ВМРО за Македонија“ најверојaтно ќе биде нов директор на Фондот за здравство. Тој ќе го замени на директорското столче досегашниот директор Сашо Стефановски, кој повеќе од две години управува со една од најбогатите институции во државата.

Дончев во јавноста стана актуелен откако се обелодени аудио снимката за „Македонска банка“ во која тој беше посредник меѓу  поранешниот премиер Никола Груевски и српскиот бизнисмен Јовица Стефановски Нини.

Тој на последните предвремени парламентарни избори беше кандидат на коалицијата “ВМРО за Македонија“ во првата изборна единица кога беше и шеф на изборниот штаб на коалицијата.