Вебкафе

Со дечкото и другарката имаа секс во тројка – снимката ја објави на интернет


Момчињата се минливи, а најдобрите другарки траат засекогаш. Тоа е така барем според овие две другарки, Лена и Емили, кои делат речиси сè, па и секс со ист дечко.

На видеото објавено на YouTube каналот од Лена, ти го опишуваат експериментот кој го смислиле – секс во тројка со типот со кого Лена е во врска.

Тие две се спријателиле пред една година, кога Емили ја поканила Лена со себе на журка кај неименуван рапер, а нивното пријателство е толку силно што наводно дошле до точка кога можат да го делат и истиот дечко.

„Се гледам со Адам неколку месеци и двајцата сме отворени за идејата да ни се придружи друга девојка. Чудно и контроверзно е кога тоа е вашата најдобра другарка, но ѝ верувам на Емили и мислам дека тоа би можело да биде забавно. Адам ќе дојде за еден час и ќе имаме секс со него. Потоа ќе поразговараме за тоа“, најави Лена.

Иако на самото видео нема секс (инаку не би било на YouTube), од него можеме да дознаеме дека Адам е чест гостин во „тројки“, но инаку едната девојка е малку погрда од другата. Во случајот со Лена и Емили, му се погоди и двете да бидат супер згодни.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!