Дебакл на Интер: Со судиска помош, Сампдорија го покори Меаца – Икарди со промашување „за в затвор“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интер слободно може да е збогува од елитното фудбалско натпреварување на европските шампиони за следната година. Великанот од Џузепе Меаца во еден од најважните натпревари во сезоната одигра, најблаго речено, ужасно. На сето тоа, како масло на огнот, судиите му помогнаа на нивниот ривал Сампдорија, а како „шлаг на невкусната торта“ дојде лудиот потег на нивниот фудбалер, Марсел Брозовиќ, кој намерно играше со рака во својот шеснаесетник и им овозможи на џеновјаните да славата со 1:2.

Миланезите можат да се жалат на судењето од страна на арбитрите, имаат целосно право на тоа, бидејќи Патрик Шик во 50-та минута, од чист офсајд постигна гол за израмнување на резултатот, но дали тоа воопшто има смисла покрај податокот дека екипата која се бори да заигра во Лигата на шампионите после пет сезони на отсуство, во еден од клучните натпревари одигра толку лошо, што до две минути пред крајот не доби ниту жолт картон? Не дека тоа е меродавно, ќе рече некој, но тоа е само уште еден од низата факти кои не му одат во прилог на Нероазурите.

Интер не блескаше ниту кога водеше. Преку Данило Д’Амброзио стигна до 1:0, но, во првите 45 минути Сампдорија два пати го гаѓаше голот од Интер, па само среќата ги сочува Нероазурите во тој дел од мечот. А тогаш се случи и грешката на судијата која доведе до 1:1, за целосен распад на системот од Интер. Силвестре гаѓаше со глава, Шик беше во офсајд, на прв поглед не изгледаше дека ја допре топката, ја закачи топката и ја смести во мрежата, а судијата покажа на центарот.

А она што Брозовиќ го направи во 84-та минута е за анализа од страна на некој експерт. Кој не го виде тој потег, неговата „генијалност“ може да ја погледне ТУКА.

После овој потег, кардиналното промашување на Икарди делува дури и прифатливо.

Дополнителни проблеми за Интер, после дуелот со Сампдорија, е доста комплицираниот распоред кој им следи. После Кротоне следната недела, Нероазурите ги чекаат три пеколни кола – градско дерби со Милан, гостување во Фиренца, каде една година никој не победил и дуел со Наполи на домашен терен.

Од сето тоа може да се заклучи дека Интер синоќа сосема извесно остана без квалификации за Лигата на шампионите, додека и шансите за пласман во Лига Европа се прилично намалени.