Славни

Данскиот принц Хенрик почина на 83-годишна возраст


„Неговото кралско височество принцот Хенрик почина во вторникот 13-ти февруари, во 23,18 часот во дворецот Фреденсборг“, кралска резиенцијата оддалечена 40-ина километри северно од данската престолнина Копенхаген, се наведува во соопштението коешто истакнува дека принцот бил окружен со сопругата и нивните два сина. Принцот имаше 83 години.

Данската кралска палата соопшти во вторнокот дека принцот, хоспитализиран од неделата 28-ми јануари во „Rigshospital“ во Копенхаген поради тумор на левото белодробно крило, којшто се покажал бениген, како и поради белодробна инфекција, се вратил дома за да „ги проживее последните моменти“.

Роден како Анри Мари Жан Анде д’Лаборд д’Монпезат на 11-ти јуни 1934 година во Тален, близу Бордо во Франција, се ожени во јуни 1967 година за наследничката на данскиот престол Маргарета, која беше крунисана во 1972 година.

Хенрик се повлече од јавноста во 2016 година. Никогаш не ја доби титулата крал во својата нова татковина, и никогаш не го криеше разочарувањето од овој факт.

Во септември кралската палата објави дека боледува од „деменција“ чиј чест облик е Алцхајмеровата болест. Прецизна дијагноза никогаш не е откриена.

Минатата година принцот објави дека одбива да биде погребан со сопругата во кралската некропола во катедралата во Роскилде, каква што е традицијата со кралските двојки. Во соопштението на дворецот не е наведено каде принцот ќе биде погребан.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top