Дали знаевте дека Британија има Министер за осаменост?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според проектот кој своевремено го започнала британската политичарка и пратеничка Џо Кокс, британската влада, во рамки на својот состав, назнаи и Министер за осаменост.

Трејси Крауч изјави дека е горда што ќе го преземе „генерацискиот предизвик“ за да се справи со проблемот што влијае врз девет милиони луѓе во Велика Британија, без разлика на возраста. Трејси изјави дека ќе соработува со сите политички партии во текот на нејзината улога.

Комисијата за осаменост првпат била формирана од страна на г-ѓа Кокс, која била убиена пред ЕУ-референдумот од страна на човек кој извикувал: „Прво Британија“ за време на нападот.

Извештај од 2017 година укажува дека осаменоста е штетна за здравјето исто како човек да пуши 15 цигари дневно.

„Џо Кокс го препозна степенот на осаменост низ целата земја и се посвети да направи сѐ што може за да им помогне на оние што се засегнати“, изјави во соопштение премиерката Тереза Меј и додаде дека новата министерска улога ќе го продолжи наследството на г-ѓа Кокс.

Во декември 2017 година главната медицинска сестра, проф. Џејн Камингс изјави дека студеното време и осаменоста може да бидат смртоносни во зимските месеци, а едноставните акти на дружење би можеле да направат голема разлика.

Околу половина од луѓето над 75 години живеат сами – околу два милиони луѓе во Англија. Голем дел од нив велат дека поминуваат денови па и недели, без никаква социјална интеракција.