Вебкафе

Дали знаете зошто руските космонаути носат оружје во вселената?


Кога ќе се дознае дека руските космонаути во вселената летаат задолжително со оружје, првата реакција може да биде сеење. Со какво оружје и против кого? Ласерски пиштол? Светлечки меч? Пробив на агресивни вонземјани? Да ја оставиме шегата настрана, работата е сериозна, и руските космонаути и денес ја следат добрата стара советска практика. „Руска реч на македонски“ ги пренесува деталите за оваа малкупозната приказна за освојувањето на космосот.

Во реалноста, оружјето на космонаутите е пиштол со три цевки кој најмногу личи на скратена ловечка пушка – не служел за борба против вонземски чудовишта, туку требало да ги спасува животите по слетувањето на Земја.

Во СССР не сакале на ова да се обрнува премногу внимание, но советските космонаути уште од Јуриј Гагарин летале во вселената со оружје. Членовите на космичкиот одред го имале само пиштолот Макаров (ПМ), ист онаков како што имале и милиционерите. Оружјето се издавало во случај на вонредно приземјување „за заштита од диви животни и од криминални елементи“. И ретко кој помислувал да го замени „космичкиот“ ПМ сè до 1965 година кога Алексеј Леонов и Павел Бељаев не извршиле вонредно принудно атерирање во тајга.
Мечката не му е пријател на космонаутот

Поради специфичноста на теренот, спасувачките тимови не можеле да дојдат до космонаутите. Леонов и Бељаев биле принудени да минат во тајгата неколку дена.

„Хеликоптерите само нè надлетуваа и реферираа еден да цепи дрва, а друг да ги фрла во огнот“, се сеќава Леонов.

А, Американците?

Фирмата Savage во 1983 за астронаутите на НАСА го исфрли аналогот ТП-82 под ознака 24-VS. А, компанијата Randall made knives го направи за нив ножот Astro 17 во чија дршка има вградено аптека за прва помош. Но, не е сосема познато дали Американците сега со себе во космосот носат оружје.

Космонаутите си изградиле скривалиште, но кај нов „за да се згреат околу огнот“ почнале да доаѓаат мечки кои во март тукушто се разбудиле од сон и затоа биле многу гладни и агресивни. Сè што можеле да сторат космонаутите е да пукаат во воздух, што кај животните кои никогаш не се сретнале со човек само предизвикало љубопитност.

„Единствено нешто што можевме да направиме со Макаров е да си пукаме во себе“, со горчлива иронија се присеќава на тие денови Леонов. Токму тој истапил со иницијатива да се создаде посебно оружје за преживување во случај на принудно атерирање.

Сон на овчарите и ловокрадците

Проектот под раководство на главниот конструктор на Тулската фабрика за оружје Владимир Парамонов бил воден во три насоки: револвер, полуавтоматска пушка со мазна цевка и пиштол со три цевки. Последната се покажала како најоптимално решение за поставените задачи: заштита од „опасните ѕверови и криминални елементи“, пронаоѓање храна со лов и давање светлосни сигнали за визуелно набљудување. Пиштолот добил две горни хоризонтални цевки со ловечки калибар од 32 милиметри и извиткана цевка со калибар од 5.45 милиметри сместена под нив. Во борбениот комплет имало специјално изработени куршуми 5.45 милиметри СП — П (за пушка), со калибар 32 милиметри СП — Д (сачма) и со калибар 32 милиметри СП — С (сигнален).

Работниците од фабриката го нарекле новиот пиштол „Сон за ловокрадците“, но во официјалните документи е означен како СОНАЗ (кратенка која значи: стрелечко оружје со преносна резерва за вонредни случаи).

Официјално СОНАЗ бил ставен во вооружувањето во 1986 година. Истата година ТП-82 за првпат бил во космосот: со него биле вооружени советските космонаути во заедничката советско-француска посада.

ТП-82 добил многу необичен кундак – мачета. Одвоено гледано, тоа била обична мачета за подготвување дрва, но на неа можело да се навлече цврста навлака, а потоа да се спои со пиштолот. На тој начин се добивала пушка. Со правите цевки можело да се ловат зајаци, птици и ситен дивеч, а со извитканата ирваси, диви свињи и други крупни животни. Во борбениот комплет СОНАЗ имало 11 куршуми СП-П, 10 куршуми СП-Д и 5 куршуми СП-С.

Излегло дека на руски начин оружјето е сигурно. „Стававме песок во пиштолот, налевавме вода, што сè не правевме и тоа издржа“ раскажува Николај Филатов, заменик на началникот на одделот за подготовка на космонаути за преживување во екстремни услови на ЦПК.

Според неговите сеќавања, кога за пиштолот слушнале казашките овчари, веднаш на космонаутите почнале да им нудат замена. Давале цело стадо овци за ТП-82, а еден овчар ја понудил дури и жена си. Ова оружје го сакале и пилотите, и геолозите, и истражувачите и ловците. Нешто подоцна се појавил негов клон – тоа се пиштолите Вепар-1 и Вепар-2.

А, ТП-92 се изработувал до крајот на осумдесеттите години од минатиот век. Според официјалната верзија производството било запрено зашто биле направени доволен број единици оружје, а според неофицијалната информација станувало збор за финансиски проблеми во периодот по перестројката, кога на фабриката не ѝ дале ниту време, ниту можност за изработка на вакво егзотично оружје.
Може ли да се очекува преродба на легендата?

Не се знае многу за постсоветската судбина на ТП-82. Во медиумите во 2007 година се прошири информација за тоа дека поради истекот на рокот на куршумите за ТП-82 командирот на шеснаесеттата експедиција на Меѓународната космичка станица инженер-пилот Јуриј Маленченко пред полетувањето на орбитата добил пиштол Макаров.

Дали ТП-82 или неговиот аналог сè уште спаѓаат во космичкиот арсенал не се знае точно, но во февруари 2008 година познатиот американски космички експерт, поранешен инженер на НАСА Џејмс Оберг бараше од МВС да се тргне руското борбено оружје. Оберг изјави дека во него гледа опасност и смета дека на пиштолот не му е местото на орбитата каде луѓето мораат да работат во услови на голем стрес и психичка напнатост.

Руските експерти не се сложија со мислењето на инженерот на НАСА. Според Јуриј Гизденко, началник на управата за специјална подготовка на космонаути во Центарот за подготовка на космонаути, потребно е да постои оружје на бродот, а тоа е проверено и докажано во практика. Значи, според сè, рано е да се отпишува ТП-82 од арсеналот и да се запишува во историјата на космонаутиката.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!