Дали знаете зошто некои монети имаат рапави рабови? (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред појавата на парите, луѓето плаќањето го обавувале со размена на стока и материјални добра, но тоа не било најдобриот начин, оти честопати луѓето не ја добивале вистинската противвредност.

Така, луѓето ги измислиле парите, кои првично биле метални. Предностите се бројни: Можат да се коваат и да се сечат во еднакви големини, да се претопат во други практични предмети, речиси и да не се оштетуват и се ситни, па зафаќаат мал простор.

Кованите пари првпат се појавиле во 7. век пред нашата ера, во областа Лидија во Мала Азија. Првично се изработувале рачно, а во 16. век е измислена и првата машина за ковање монети.

Со текот на времето, златото и среброто во поинаква форма делумно ги замениле парите во стоковата размена.

Зошто монетите имаат рапав раб?

Кон крајот на 18. век, крадците почнале да ги користат паричките за да собираат парчиња злато и сребро за препродавање. На тој начин, монетите добиваат помала вредност. Така, аристократите дошле на идеја – тие да се коваат со назабен раб, како заштита од „фалсификатот“ на криминалците.

Рабовите и денес се „рецкаат“, но тоа е само за да се задржи традицијата.