Дали жените несвесно ги убиваат кучињата кои ги чуваат како миленици?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кучињата се познати како најдобар пријател на човекот, па луѓето со голема љубов, грижа и посветеност се грижат за многу кучиња кои ги чуваат како домашни миленици.

Но, според едно истражување, научниците тврдат дека постои голема можност жените несвесно да им нанесуваат штета на кучињата, изложувајќи ги на отровни хемикалии.

Секојдневната женска козметика е потенцијална причина за хроничните болести кои, за жал, доведуваат до прерана смрт кај домашните миленици, покажува најновото научно истражување. Имено, високо ниво на хемикалии, кои се додаваат во кремите за лице, шминката и пената за депилација, е пронајдено во примероци од кучешката урина на кучиња испитаници во Велика Британија.

Кучињата кои живеат надвор се поздрави

Експертите велат дека тоа го објаснува фактот зошто кучињата кои живеат во затворен простор се посклони на заболувања како дијабетес, проблеми со белите дробови (кои можат да бидат фатални) и пореметувања на штитната жлезда, отколку оние кои живеат на отворено.

Главен виновник за овие појави би можеле да бидат супстанциите во воздухот во домашните простории, а оваа теорија сега за прв пат беше и детално истражена. Со анализа на 58 различни видови на храна за мачки и кучиња, како и 60 примероци на животинска урина, идентификувано е присуство на метилен парабен и 4-хидроксибензоева киселина, која обично се наоѓа во козметичките производи.

Опасност и за луѓето

Освен преку храната, милениците можат да дојдат во контакт со наведените хемикалии и преку производите за домаќинство. Во последните 20 години се појави загриженост дека парабените се опасни и за луѓето, бидејќи е пронајдена нивна врска со ракот на дојката.

Тоа е така затоа што парабените го симулираат ефектот на естрогенот, хормон кој игра клучна улога во развојот, растот и напредокот на болеста. Исто така, тие можат да го попречуваат работењето на развојниот, репродуктивниот и невролошкиот систем, како кај луѓето, така и кај животните.