Дали Трамп ќе биде третиот претседател на САД што ќе се откаже од претседателската плата?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако победи во трката за претседател на САД, многумина се прашуваат дали Доналд Трамп ќе го одржи едно од најинтригантните ветувања кое го даде, изјавувајќи дека ако биде избран за претседател на САД, ќе се откаже од претседателската плата и функцијата ќе ја работи бесплатно.

Богатството на Трамп е проценето на 3,5 милијарди долари, иако самиот тој тврди дека има барем три пати повеќе од тоа. Доколку одбие да прима претседателска плата која изнесува 400.000 долари годишно, тој ќе биде третиот претседател во историјата на САД кој оваа должност ќе ја извршува бесплатно.

Пред него тоа го направија Херберт Хувер избран во 1929 година, човек кој се збогати со бизнисот со рудници пред да се посвети на политиката. Вториот е најпопуларниот американски претседател Џон. Ф. Кенеди, кој исто така претседателствуваше бесплатно, имајќи го во предвид фактот дека потекнува од богато семејство. На функција дојде во 1961 година. Овие двајца американски претседатели својата плата ја подаруваа во хуманитарни цели.

Доналд Трамп, на предизборен митинг во Њу Хемпшир, во септември 2015, изјави дека ако за една година биде избран за претседател на САД, таа функција ќе ја извршува бесплатно.

„Првото нешто кое ќе го направам? Ќе ја одбијам платата. Тоа едноставно не ми претставува ништо“, изјави Трамп. Иако после неговиот избор го нема да го повтори овој став, повеќето луѓе веруваат дека, сепак, ќе си го одржи ветувањето, а сигурно има многу медиуми кои ќе го потсетат на оваа изјава.