Дали тој ќе биде директор на Бирото за јавна безбедност?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лазо Велковски е можен нов директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), неофицијално дознава Фокус. Од Владата се уште не сакаат да откријат кој ќе шефува со БЈБ, но како што дознаваме Велковски е еден од најсериозните кандидати кој се споменува како можен наследник на позицијата на Митко Чавков.

Велковски со доаѓањето на Оливер Спасовски на министерската функција беше поставен за началник на СВР Скопје, а речиси целиот работен век го минува во МВР. Тој завршил Факултет за безбедност, а од март 1990 година е вработен во МВР, каде што најпрво работел во униформираниот, а потоа во цивилниот дел на полицијата. Бил и шеф на Градската управа за внатрешни работи Скопје ГУВР.

Во 2004 година Велковски беше поставен за директор на БЈБ во времето на премиерот Хари Костов.