Славни

Дали таа ќе го скроти „Кралот на Инстаграм“ и махерот за луди и разуздани забави?


Ако може да се суди според интензитетот и содржината од објавените фотографии кои Ден Билзериан, попознат како „Кралот на Инстаграм“ ги споделува на својот славен профил во последно време, очигледно и најтврдите ореви од фаерската и „женкарска“ бранша можат да бидат „скршени“ токму од жена.

Иако редовно се фотографира со Плејбој зајачици и бројни разголени девојки, во последно време Билзериан таквите активности ги сведе на минимум. Последниве денови тој како да има очи само за една убавица, а тоа е манекенката Софија Беверли.

Еден од најславните мачомени од светот на социјалните мрежи зачестено објавува фотографии со Софија, со која зачестено се дружи и ја води на состаноци.

A post shared by Dan Bilzerian (@danbilzerian) on

И двајцата обожаваат егзотични дестинации и журкање, па одлично се забавуваат, а Ден со други жени сега објавува само попристојни фотографии и тоа со смален интензитет во споредба со порано. Откако објави фотка на која Софија спие во неговиот авион, неговите фанови почнаа да нагаѓаат дали конечно и тој се заљубил и се најде убавица која ќе го скроти неговиот див и разуздан темперамент.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top