Дали субјективниот фактор и преголемото его се главна причина за најголемиот број сообраќајки?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Секојдневно сме сведоци на разноразни сообраќајни незгоди. Со или без жртви. Звукот на сирената на брзата помош веќе стана препознатлив за секој еден човек. Речиси и да нема ден а да не се слушне тој звук. Кои се причините за тоа? Дали субјективниот фактор и преголемото его на сите учесници во собраќајот имаат влијание во тоа?

Фејсбук групата “Ѕидот на сообраќајниот срам” e една од најбројните и најактивните Македонски групи. Брои 47 084 членови и секојдневно изобилува со премногу фотографии на кои што се гледаат очигледни прекшроци во сообраќајот. За потребите на еден факултетски предмет, направивме истражување со анкета поставена токму во оваа група со цел да се обидеме да ги најдеме причините за огромниот број на секојдневни прекршоци и незгоди кои се случуваат. Подолу следи илустрација на одговорите на анкетата заедно со прашањата.

Од првите две прашања гледаме дека скоро сите се согласни дека нивото на сообраќајна култура во Македонија е мало, но затоа пак сопственото ниво на сообраќајна култура секој високо го цени. Следното две прашања ни укажуваат на тоа дека, и покрај големиот број од испитаниците кои учестувавале во сообраќајна незгода, речиси сите се сметаат за потполно невини во истата таа незгода. А од следните две прашањеа повторно гледаме дека најголем број од испитаните (91%) барем еднаш поминале на црвено како пешаци па дури и 35% и како шофери на моторно возило.

Она што може да се заклучи од анкетата е тоа дека самокритичноста  во своите сопствени шоферски способнисти и во културата на сообраќајот е премала кај нашиот народ. Ние сме убедени дека тоа е една од најголемите причини за големиот број сообраќајни незгоди. Затоа, прекинете да мислите дека токму вие сте оној кој што секогаш има предност на минување, секогаш вие сте во право и слично. Тргнете прво од самите себеси, почитувајте ги правилата и зголемете ја Вашата самокритичност. Не сте секогаш само Вие во право. Подобро 5 минути покасно отколку цел живот порано.