Дали се поздрава замена на обичните: Еве како електронските цигари влијаат врз здравјето


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со цел да се откажат од пушењето цигари, сè повеќе луѓе посегнуваат по нивната електронска варијанта како замена, надевајќи се дека со тоа си прават добро и себеси, но и на другите.

Меѓутоа, отровните хемикалии од пареата која се ослободува со пушење на е-цигари во голема мера содржи формалдехид, кој докажано предизвикува рак, како и акролеин, кој се поврзува со иритација на очите и кожата.

За разлика од класичните цигари, електронските не се забранети со закон во јавните простории. Светската здравствена организација се повикува да ја воведе и оваа мерка, за да се намали изложувањето на пасивно вдишување на пареата.

„Е-цигарите претставуваат помала закана за здравјето од обичните цигари, но ни тие не се без последици. Да кажеме вака: класичните цигари се супернездрави, а електронските се нездрави“, вели д-р Хуго Дестилат, еден од авторите на студијата која го истражувала влијанието на е-цигарите врз здравјето.

Иако е-цигарите не произведуваат токсичен тутински чад, се покажа дека хемикалиите во нив имаат речиси ист ефект и влијание врз човечкото здравје.

Фото извор: Vaping360