Дали Путин случајно ја покажа својата девојка? (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Снимката која протече во јавност многумина сметаат дека е видео доказ на кој Путин речиси ја покажува својата мистериозна партнерка.

Снимката е направена на северот во Русија, каде Владимир Путин отиде на одмор, а го фаќа моментот кога тој го паркира својот Mercedes ML пред манастирот Спасо-Преображенски и ја отвора задната врата за една наводно женска личност во црвен фустан, која со прстот му покажува (веројатно) кон фотографите.

Путин после тоа брзо ја затвора вратата како да нема никој во автомобилот и во манастирот влезе сам. Многумина нагаѓаат дека станува збор за неговата нова девојка. Сомнежот го поттикна и тоа што скоро сите руски телевизии го исфрлија тој исечок од веста за Путин.

Неговиот портпарол подоцна изјави дека станува збор за член на безбедносните служби, пишува Daily Mail.

Иако својот приватен живот Путин го држи под строг превез на мистериозноста, се знае дека тој и сопругата Људмила, со која има две ќерки, се разведени. Веќе со години се нагаѓа дека Путин е во тајна врска со гимнастичарката Алина Кабаева, а некои тврдат дека има и деца со неа.