Дали промовираниот Кодекс за судска етика може да смени нешто во судството?

???

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 Во рамките на одбележувањето на десетгодишнината од Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, Академијата и Здружението на судиите на Република Македонија, во соработка со ИПА-проектот 2010 – Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и унапредување на пробациската служба, го презентираа Кодексот за судиска етика на судиите во Република Македонија.

Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и шеф на Делегацијата на Република Македонија во Комитетот ГРЕКО, говорејќи за препораките на ГРЕКО во 4 Круг на оцена во однос на Република Македонија, истакна дека ГРЕКО препорачал да се воспостави сет од јасни стандарди и кодекс на професионално однесување.

Во препораките се вели дека ГРЕКО е задоволен што гледа дека е усвоен нов Кодекс за судиска етика во 2014 година и дека се применува за сите судии во земјата, како што било препорачано. Во таа насока, подвлече Арнаудовска,  ГРЕКО препорачува да се развијат правила и водичи за судиите во однос на прифаќањето на подароци и други предности и примената на овие правила соодветно да се следи.

Судството кое важи за партизирано, зависно од политички влијанија, пристрасно, нема да се промени со еден Кодекс за етика на судиите. И досега имало кодекси, па немало подобрувања. Потребни се коренити промени, порачуваат експертите.

Кодексот за етика на судиите што денеска беше презентиран нема ништо да промени во судството, зашто непходни се коренити промени за да може да се решат наталожените проблеми со неговата партизираност и зависност, велат аналитичарите. Потсетувајќи дека и досега постоеше кодекс, но дека дискутабилно е колку се почитувал.

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур,а сега судијка во Уставниот суд во БиХ, Маргарита Цаца – Николовска, вели дека секој чекор кон подобрување на одредени состојби не може да се смета за непотребен, но оти во овој момент има многу поважна работа, а тоа е да се разрешат клучните проблеми, по последните превирања во Основниот суд Скопје 1 и обвинувања за незаконско влијание за носење одлука врз судија и за поткуп, што ја продлабочуваат недовербата во судството на јавноста.

Кодексот за судска етика, според поранешниот уставен судија Бајрам Положани, значи надградба на правата и обврските на судиите со цел продлабочување на свеста за совесно и независно вршење на својата судска функција. Меѓутоа во услови на длабока политичка криза која се прошири и во криза и на функционирањето на правосудниот систем, како што нагласува Положани, потпишувањето на нов кодекс во кој е поизразена одговорноста на судиите нема да донесе посебни резултати. Ние треба да ги решиме првично состојбите во судството кои се однесуваат на незавршување на тоа што е определно со Устав и со закон