Дали почнува да се руши маркетинг империјата: Мозила го откачи Фејсбук


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Мозила, во чија сопственост е интернет пребарувачот FireFox, е првата голема организација која се откажа од рекламирање на Фејсбук, откако компанијата на Марк Закерберг се најде во центарот на аферата со злоупотреба на податоци од страна на Кембриџ Аналитика, пренесува Радио МОФ.

Непрофитната организација соопшти дека „притиска пауза“ на Фејсбук рекламирањето, барем до моментот додека социјалната мрежа не ја зацврсти заштитата на податоците на корисниците.

Директорката за правни и бизнис работи на Мозила, Денел Диксон, вели дека ги провериле контролите за податоци на Фејсбук како резултат на сторијата на Обсервер во која се наведува дека 50 милиони профили биле несоодветно трансферирани на фирмата за политички консалтинг Кембриџ Аналитика.

„Откривме дека сегашните стандардни поставки овозможуваат отворен пристап до многу податоци. Особено во однос на поставките кон надворешни апликации“, вели таа за блогот на Мозила.

„Не охрабрува тоа што Марк Закерберг вети дека ќе ги подобри поставките за сигурност и ќе ги направи побезбедни. Кога Фејсбук ќе направи поцврста акција околу тоа како ги споделува податоците на корисниците, особено зајакнувајќи ги стандардните поставки на приватност за надворешни апликации, ќе размислиме за враќање назад на платформата“, додава Диксон.

Уште пред Закерберг да го прекине молкот и да соопшти дека прават промени како одговор на скандалот, Мозила предложи свои предлози за подобрување.

Организацијата посочила дека е потребна забрана за надворешни апликации да пристапуваат кон информации за пријателите на луѓето кои ја користат апликацијата, потенцирајќи дека „интернетот е трансформативен бидејќи е место за истражување, интеракција, поврзување и создавање, а клучно за тоа е довербата“.

Останатите огласувачи се заканија дека ќе се однесуваат на сличен начин.