Нобел

Дали оваа крипто-валута може да „згазне на опашот“ од биткоинот?


За сите кои немаат чуено, ripple (XRP) е крипто-валута која, за разлика од децентрализирачкиот статус на повеќето други крипто-валути на чело со биткоинот, има централизирана моќ која се наоѓа во матичната компанија Ripple со седиште во Сан Франциско и сопствениците на оваа крипто-валута се познати.

Што е толку важно за оваа крипто-валута? Иако засега нејзината вредност е далеку зад биткоинот, сепак, кога сите крипто-валути стагнираа или беа во пад со вредносните цени во декември, оваа валута направи скок во вредноста од 33 насто.

Во последните неколку дена трговијата со биткоинот е помеѓу 13.000 и 15.000 долари, етурум осцилира помеѓу 700 и 800 долари и кај нив нема преголеми скокови, дури по вестите за воведување посилна регулатива во Јужна Кореја имаше нешто поголеми падови на цената, кои се преселија на неколку најголеми алтернативни крипто-валути.

Минативе два дена ripple е во пораст. Само за еден ден неговата цена се зголеми за 30% и се движи на ниво од 2 долари. Колку е тоа многу за „rippple“ зборува и фактот дека тој на 10 декември се тргуваше по цена од 0,35 долари.

„Rippple“ по пазарната капитализација ја надмина границата од 70 милијарди долари и накратко го претекна етурем на пазарот со криптовалутите.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top