Спорт

Дали на најголемиот стадион на планетата може да се случи чудо?


Додека цел свет го чека следниот потег на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, фудбалерите од севернокорејскиот фудбалски клуб 25-ти април ќе се обидат да направат историски успех и да се пласираат во завршницата од AFC купот, натпреварување во кое учествуваат тимови од фудбалски помалку развиените земји од Азија.

„25-ти април“ ќе игра реванш меч од полуфиналниот дуел на овој куп (во другото полуфинале играат Серес од Филипини и Истиклол од Таџикистан), а победникот од Интерзоналното финале ќе игра во големото финале со победникот од натпреварувањето во Западната зона, каде во финале ќе играат Ал Вахда и Ал Кува од Ирак.

Колку и да е комплицирано, пласман во финалето би бил огромен успех за севернокорејскиот клуб, но тоа ќе биде тешка мисија за тимот кој во првиот меч, во Индија, загуби со 3:0. Меѓутоа, тие ривалот ќе го дочекаат на најголемиот стадион на планетата, „Први мај“, во Пјонгјанг, кој има капацитет од над 115.000 места. Прашањето е дали на големиот стадион може да се случи чудо.

Она што е интересно е дека податоци за севернокорејската фудбалска лига е многу тешко да се најдат, дури и тоа кога се играат натпреварите и кои се резултатите, па Индијците, кои на клупата го имаат шпанецот Алберт Рока, сигурно ќе имаат потешкотии да дознаат нешто за својот ривал. Но, тоа во првиот дуел не им претставуваше проблем.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top