Живот

Дали количината на пот е индикатор за квалитетот и интензитетот на вежбањето?


Кога вежбаме, се потиме бидејќи се зголемува внатрешната температура на телото, а потењето е неговиот начин да се разлади.

Но, дали количината на пот има некаква важност за време на вежбањето? Ако некои се потат обемно, а некои скоро воопшто, дали тоа значи дека кај едните вежбањето ќе даде подобар резултат?

Еве неколку вообичаени прашања во врска со потењето, и одговорите на разни експерти:

1) Зошто некои индивидуи се потат повеќе од другите?

Постојат многу фактори кога е во прашање количината на потта – староста, големината на телото, нивото на фитнес, хидратацијата, големината на потните жлезди и процентот на телесните масти. Различните комбинации на овие карактеристики предизвикуваат потење во различен обем, така што доколку одредена физичка активност некоја личност премногу ја поти, не мора да значи дека истата активност ќе предизвика идентично потење и кај некој друг.

2) Дали е нездраво доколку не се потиме многу?

Бидејќи потењето ја намалува внатрешната температура на телото, доколку не се потите потребно е да се пронајдат причините за тоа. Некои од нив се дехидратација (најчесто поради внес на кафе и алкохол и не пиење доволно вода), а можеби пак телото ефективно се лади во одредено опкружување и не испушта премногу пот. Сè додека телото не е прегреано и се чуствуваат последиците од тоа, количината на пот е неважна.

3) Дали потењето е мерило за интензитетот на вежбањето?

Иако може да е така, потењето не секогаш корелира со интензитетот на вежбање. Кога тој е зголемен, телото работи повеќе што значи внатрешната температура се накачува. Меѓутоа, ако интензитетот е голем, а сте дехидрирани, нема скоро воопшто да се потите и ефикасно да го изладите телото.
Околината исто така игра улога кога е потењето во прашање. На пример, се потиме повеќе при вежби со низок интензитет во топло и влажно опкружување, во споредба со потешки вежби во студено и суво опкружување.

4) Дали пофит луѓето се потат порано и повеќе за време на вежбањето?

Генерално, тоа е точно. Тие се поприлагодени на топлината и нивното тело е адаптирано да се поти повеќе. Со други зборови, тоа е поефикасно и навикнато да ја регулира температурата при разни интензитети.

5) Дали потењето го детоксифицира телото?

Не верувајте на сè што ќе слушнете и прочитате, особено ако информацијата не доаѓа од некој квалификуван да ја одговори. Иако потењето е дефинитивно здраво, неговата задача не е детоксификација на телото – за тоа се задолжени бубрезите и црниот дроб. Особено не наседнувајте на „советите“ од типот врзување на целофани или носење на специјални „сауна“ облеки за што повеќе да се потите за време на вежбањето, бидејќи можат да ви нанесат поголема штета отколку корист (која што е никаква).


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top