Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во текот на вчерашниот ден Основното јавно обвинителство Скопје побара продолжување на мерката притвор за Игор Југ, бидејќи од досега прибавените докази тој се сомничи дека бил водач на толпата која упадна во Собранието на „крвавиот четврток“, пренесува Судство.мк.
Југ вчера излегол од истражниот затвор во Шутка, но веднаш потоа бил повикан на распит и повторно вратен во притвор околу 5 часот наутро, но овој пат за друго кривично дело, односно за недозволено поседување оружје.
Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот се бара по сите основи и тоа: поради постоење на опасност од бегство, попречување на истрагата и можност за повторување на кривичното дело.
„Предлогот е поднесен бидејќи од досега прибавените докази од страна на Основното јавно обвинителство Скопје произлезе дека покрај за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 од Кривичниот законик, постои основано сомнение дека осомничениот преземал дејства како водач на толпа во врска со случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април годинава“, наведуваат од Обвинителството.
Поради тоа, надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка и за кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од чл.385 ст.3 од Кривичниот законик, за кое дело пропишана е казна затвор од една до 10 години.