Дали Фејсбук ги прислушува нашите разговори и кога телефоните „спијат“? (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фамата околу прислушувањето кај нас, после сите нешта кои се случија поврзани со оваа нелегална активност, и при самото споменување на зборот го привлекува вниманието на пошироката јавност. А тоа сега се случува и на глобално ниво.

Една година старо видео од Невил Блек крена голема прашина на социјалните мрежи, поради тоа што тој YouTube корисник очигледно докажа дека Фејсбук преку апликациите на нашите телефони, сепак, прислушува за што разговарате дури и кога уредот не е активен, во прв ред за да може да ги прилагоди рекламите кои ни ги прикажува.

Накратко, Блек и неговата сопруга направија доста едноставен тест, па извесен краток период, во близина на нивните iPhone смартфони гласно споменувале „храна за мачки“, и покрај тоа што во нивниот дом тие воопшто немаат миленици.

И пази „случајност“, Фејсбук наскоро на нивните профили почна да прикажува реклами кои се однесуваа на исхрана за мачки, а од саботата наваму на социјалните мрежи се огласија стотици луѓе кои тврдеа дека и тие забележале идентичен феномен.

Фејсбук на ваквите обвинувања прв пат реагираше во 2016 година, а оваа нова „бура“ која ја предизвика видеото се обиде да ја стиши и Роб Голдман, еден од челните луѓе на Фејсбук задолжен за огласување, кој повторно тврдеше дека компанијата не ги користи микрофоните на нашите телефони за да не шпионира.