Дали е ова НОВОТО договорено име? Албански медиум ексклузивно ги објавува деталите за договорот со Грција!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според медиумот, договорени се сите детали!

Медиумите на албански јазик почнаа да објавуваат и да шпекулираат со детали од договорот што актуелната македонска влада го подготвува со Грција.

Албанскиот портал InfoShqip вели дека дошол до некои информации добиени од сигурен извор во Грција, со детали за договорот меѓу Македонија и Грција за прашањето за името.

Во документот се наведува дека новото име ќе биде Република Нова Македонија, додека скратената верзија ќе биде Нова Македонија.

Во документот, исто така, стојата и решенијата за прашањата со црквата, јазикот и идентитетот.

Во продолжение InfoShqip.com во целост ви го нуди документот на македонски, англиски, грчки и албански јазик.

Име/name: Република Нова Македонија(мк-кир) – Republika Nova Makedonija(mk-lat) – Republic of New Macedonia(eng) – Δημοκρατία της Νέα Μακεδονία(gr) – Dimokratia tis Nea Makedonia(gr-lat)

Скратен назив/short name: Нова Македонија – Nova Makedonija(mk), New Macedonia(eng), Νέα Μακεδονία(gr).

Јазик/language: СОВРЕМЕН Македонски јазик – Sovremen Makedonski jazik(мк), MODERN Macedonian/Makedonski(eng), Σλαβομακεδονική γλώσσα – Slavomakedoniki glossa(gr).

Националност/Nationality (Државјанство): Македонско / New Macedonian.

Црква/Church: Нова Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија(мк), New Macedonian Orthodox Church – Ohrid Archbishopric(eng), Ορθόδοξη Εκκλησία της Νέα Μακεδονίας – Αρχιεπισκοπή της Οχρίδας(gr).

Наредниве 2 точки не треба да се предмет на преговори и договори, тие се производ на самоопределување на луѓето и колективите/these 2 issues should not be included in the contract:

Идентитет на македонскиот народ/Ethnic identity: Македонец/Македонка/Македонци(мк), Ethnic Macedonian/Ethnic Macedonians(eng), Σλαβομακεδόνες/Slavomakedones(gr).

Идентитет на грците кои регионално се идентификуваат како македонци/Identity of Greek Macedonians: Грчки македон/Грчки македони(мк), Greek Macedon/Greek Macedons (eng), Μακεδονικό/Makedoniko – Μακεδόνες/Makedones(gr).

InfoShqip.com известува дека документот не е официјален и дека за истиот InfoShqip.com не носи одговорност за неговата оригиналност. Документот е земен од грчки извори.