Дали би имале храброст да го посетите овој ресторан?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ресторанте со неконвенционален тертип, понуди, услуги и други алтернативни моменти во светски рамки се отвораат сè почесто.

Во Париз, во тој стил, е отворен првиот нудистички ресторан кој е уште еден во низата интересни и необични угостителски објекти во Градот на светлината

Ресторанот O’naturel може да прими 40 луѓе, но услов е никој од нив да нема ништо од страна на облека врз себе пред да седне на својата маса. Ресторанот се наоѓа недалеку од туристичките атракции, а неговите завеси се секогаш спуштени, додека ентериерот е прилично затемнет, нудејќи приватност на своите гости.

Овој угостителски објект доби одобрување за работа и од Париската асоцијација на нудисти, пред официјално да биде отворен.

„Тие ја поддржаа нашата иницијатива од самиот старт“, вели менаџерот на ресторанот за Le Parisien. „Луѓето од асоцијацијата беа нашите први гости и очигледно беа многу задоволни“.

Од хигиенски причини, келнерите и готвачите носат облека. Инаку, тимот кој стои зад ресторанот се надева дека нивниот локал ќе биде поуспешен од лондонскиот Bunaydi рестран, кој беше затворен на врвот од својата слава. Иако имаше над 40.000 резервации, затворен е од август 2016 година, а наскоро повторно ќе биде отворен, но само како приватен клуб.