Да видиш како чистат: Еве како Русите ги натераа комуналците да го исчистат снегот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жителите на Москва сфатија дека единствен начин да бидат исчистени големите количини снег од улиците е ако „чепнат“ на политички план, па на сите големи купови снег тие го испишаа името на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Граѓаните го испишаа името на Навални длабоко во снегот со цел да ги принудат комуналните служби да го исчистат снегот од тротоарите. А своите „снежни графити“ ги фотографираа и ги споделија на социјалните мрежи, за да добијат на публицитет.

Еден од корисниците на социјалните платформи пиша дека оваа акција предизвика моментална „реакција“ и градскиот совет наложи комуналците веднаш да го исчистат снегот од улиците, па улиците беа проодни за неколку часа.

Навални е најпознатиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, а државните медиуми никогаш не го споменуваат неговото име, а не го споменува ниту Путин кој, кога говори за Навални, го нарекува „таа личност“.

Снегот ја затрупа Москва откако паѓаше со најсилни врнежи во последниве 10 години. Идејата за пишување на името од Навални ја даде новинарот Михаил Козирев. Татјана Григоријева ја тестираше оваа идеја и после половина час сними видео на кое се гледа како комуналните работници го чистат снегот.

На 18-ти март Русија ќе бира нов претседател, а Путин ќе се кандидира за оваа функција по четврт пат. Активистот и политичар Навални нема да биде во можност да се кандидира бидејќи е обвинет за измама. Навални стана популарен откако водеше неколку опозициски протести и ја критикуваше високата политичка клика во Русија поради корупција. Стана мета на приврзаниците на Путин, поради што скоро го загуби видот на едното око, откако беше нападнат минатата година.