Да ти замрзне крвта: Видете како камионот го спаси малиот да не го прегази (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Детенцето кое невнимателно преминуваше на отворен пат во Норвешка буквално за влакно ја избегна смртта благодарение на системот за кочење во итни ситуации кој го поседува камионот Volvo.

Снимката која со голема брзина се шири на социјалните мрежи, а е објавена на YouTube, ги прикажува моментите кога запира еден автобус од кој изглегуваат деца. Две од нив тргнаа да го претрчаат патот, притоа не гледајќи дали има надоаѓачки сообраќај од двете страни.

Во моментот кога претрчуваа се појави забрзан камион, а благодарение само и единствено на системот за автоматско кочење кој е вграден во камионот, детето помина без повреди и избегна сигурна смрт. Камионот доволно брзо запре и овозможи детето да не настрада во несреќен судир.

Сета ситуација е снимена од камера поставена во другиот камион кој беше зад автобусот.