Да стигнеме таму пред нова Светска војна: „Пробни летови за Марс ќе има во 2019“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пробните летови за Марс ќе бидат организирани ќе бидат организирани веќе следната година, тврди еден од најинтригантните бизнисмени и технолошки могули на денешницата од Силиконската долина, Илон Маск.

„Мислам дека ќе успееме да организираме кратки летови до Марс и назад во текот на првата половина од следната година“, изјави Маск на фестивал во Остин, Тексас, пренесува ВВС.

Тој вели дека е од клучно значење луѓето да стигнат на Црвената планета пред „евентуална“ светска војна.

„Колонија на Марс“, тврди тој, „ќе ги намали шансите за продолжување на нови мрачни времиња доколку нуклеарниот судир го збрише животот од Земјата“.