Да се знае кој е газда: Членовите на ДИК ќе ги враќаат бонусите откако ги искара Бејли (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едногласно, зад затворени врати, членовите на државната изборна комисија си гласале дополнителна плата по завршување и на парламентарните и на локалните изборите. Прашањето дали е ова легално го отвори амбасадорот, Џес Бејсли, посочувајќи дека дури и да е легано се отвора дилемата за потребата од транспарентност.

„Еве што слушнав. Членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за 4 дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија. Тие претходно дополнтелно добиле и плата за 5 месеци по изборите во 2016 година. Гласањето во комисијата било едногласно, сите партии и сите етникуми, а персоналот во комисијата добил помали бонуси.“ – изјави Бејли.

Доделувањето на дополнителна плата на членовите на ДИК можеби е и легално смета Бејли, тоа што е спорно за американските амабсадор е што сето тоа било скриено од окото на јавноста. Ги запраша присутните што би сториле тие во оваа ситуација.

„Јас сум јавен службеник, поддржувам наградување на јавни службеници кои работат повеќе од предвиденото. Но, имам прашања во врска со ова, ДИК е независно тело, можеби овој потег бил дури и легален. Но, гласањето се случило зад затворени врати. Што кажува ова за вредностите на самата организација. Каде беа свиркачите, истражувачките новинари или парламентарните тела за надзор? Што би сториле сите вие во оваа ситуација? Запомнете корупцијата и злоупотребата на функцијата започнува кога сите креваат раменици.“ – изјави Бејли.

Членовите и вработените во Државната изборна комисија ќе ги вратат бонусите што си поделија како награда за локaлните избори откако денеска ги искара американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли. Од ДИК велат дека имаат право на надоместок согласно Изборниот законик, но, како што соопштија, и покрај тоа право, одлучиле утре на јавна седница да расправаат за предлог-одлука за отповикување на донесените одлуки за определување на надоместок за членовите на ДИК и вработените во стручната служба за спроведените избори.