Живот

Да, постои и празнична депресија – совети како да се изборите со неа


Сезонското афективно нарушување, кое на многумина им е познато по името „празнична депресија”, два пати почесто ги погодува жените.

Ова нарушување спаѓа во форми на нарушувања на расположението, а е карактеристично за студените месеци. Симптомите се слични на другите нарушувањана расположението: нерасположение, губење на енергија и замор, зголемен апетит, поспаност. „Причините за сезонското афективно нарушување целосно не се разјаснети, а се смета дека една од нив лежи во промената на лачењето на мелатонинот и сератонинот, т.е. хормони кои се лачат во текот на ноќта и се хормони за среќа” – објаснува Ивана Мрган, професор по психологија и бихевиорално-когнитивна терапевтка од центарот „Апсиха”.

„Податоците говорат дека и 10 до 20 отсто повторувани депресивни епизоди имаат сезонски карактер”. Др. Мрган вели дека на промените во лачењето на хормоните влијаат и преминот на зимското сметање на времето, подолгите ноќи и послабата изложеност на сончева светлина.
Проблеми со тежината

Покрај наведените симптоми, лице кое страда од САП често е нервозно и нејзината телесна тежина често варира. Како последица доаѓа до пад на либидото, хроничен замор и тешкотии при работењето, како и тешкотии во општествената средина. Ивана Мрган верува дека лица склони на депресивно расположение често паѓаат во претпразнична депресија. „Во тоа време посебно се пропагираат среќата, изобилството, заедништвото и хедонизмот во различни форми, што не е во согласност со расположението на лице кое има депресија, поради што некои поединци празничната атмосфера ги турка во безволност, изолација и потиштеност. Често се јавува и чувство на вина, затоа што не можат да учествуваат во празничниот дух” – вели др. Мрган. Во време на празници, за жал, расте бројот на психијатриски интервенции и самоубиства – истакнува психологот. Исто така, лица кои многу работат, не знаат како да располагаат со слободното време кое го имаат за време на празници и стануваат нервозни и нерасположени.

„Кај осамените лица или лице кое доживеало загуба на близок, несаканите емоции се уште по присутни бидејќи празниците ги потсетуваат на тоа што го изгубиле или некогаш го имале. Лица кои лошо стојат финансиски не можат да си дозволат тоа што го сакаат, а тоа буди фрустрација и тага. Покрај тоа, за празниците често се менуваат навиките на спиење и хранење, пократко спиеме, помалку се движиме, конзумираме по мрсна храна и повеќе алкохолни пијалоци од нормално, што може негативно да влијае на општата состојба на организмот. Се ова наведено, парадоксално, всушност донесува развој на депресивно расположение” – заклучува Ивана Мрган.
Како да се изборите со сезонската депресија? Сфатете ја оваа фаза во промена на расположението како нормална и минлива, споделете ги со домашните и другите блиски луѓе своите чувства и договорете некои активности, како шетање и излегувања. Проценете ја исплатливоста на трудот кој го вложувате. За да ви биде подобро, можеби во овој период ќе мора да направите некои работи кои се тешки и напорни.

Размислувајте за тоа како ќе се чувствувате кога оваа фаза ќе заврши, како секојдневието ќе ви биде по пријатно и поквалитетно. Планирајте редовна физичка активност која не мора да биде со висок интензитет, важен е континуитетот! Почитувајте го времето за одење на спиење и будењето. Избегнувајте дремка преку ден, намалете ја телесната активност и внесот на храна и пијалоци во часовите пред спиење. Важно е да обрнете внимание на здрава, редовна и разновидна исхрана богата со минерали, житарици и витамини, што позитивно ќе влијае на чувството на замор и ќе го спречи зголемувањето на телесната тежина. Во случај на раздразливост, корисно е накусо да ја напуштите ситуацијата или контекстот. Дајте си неколку минути да се смирите и да размислите, пред да влезете во расправии со некого. Повремено потсетете се дека овој период од годината е тежок за многу луѓе. Потребно е да си дадете признание за вложениот труд и да ги славите малите победи.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top