Да беа од Македонија ќе лапнеа субвенции: Ким и Канје по трет пат родители


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот пар Ким Кардашијан и Канје Вест по трет пат станаа родители преку сурогат мајка, која во текот на вчерашниот ден на свет им донесе ќеркичка. Името на малата уште не е познато.

„Канје и јас сме многу среќни што можеме да ви го соопштиме доаѓањето на нашата здрава, прекрасна ќерка. Неверојатно сме ѝ благодарни на нашата сурогат мајка која ги направи нашите соништа реалност и ни го овозможи најголемиот подарок, како и на докторите и сестрите за нивната посветена грижа. Норт и Сеинт се посебно воодушевени што ќе ѝ посакаат добредојде на својата сестра“, вели Ким во соопштението.

Името на сурогат мајката се држи во тајност, а TMZ откри дека таа е од Сан Диего, а се породила во Лос Анџелес во болницата во која Ким претходно ги роди двете деца.