ББС СО СТОРИЈА ЗА СПОРОТ: Човекот кој 23 години се фокусираше на еден единствен збор – Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поминати се 26 години од распадот на Југославија. Република Македонија стана независна држава. Од самиот почеток земјата не добива интернационално признато име поради приговорите од Грција. Речиси од самиот почеток еден човек работи на решавање на проблемот, пишува Би-би-си.

78-годишниот американски дипломат Метју Нимиц вели дека можеби размислувал многу повеќе од кого и да е за зборот „Македонија“. Уште од 1994 година тој се обидува да ги извршува преговорите за најчудниот интернационален спор, со кој Грција се спротивставува на интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ токму поради името.

Ставот на Грција е дека името со државата Македонија има територијални претензии кон грчката провинција на северот од земјата која го носи истото име и дека тоа претставува обид за преземање на грчкото национално наследство.

Ставот на Македонија, пак, е дека името произлегува од историјата која го вбројува владеењето на Александар Македонски, па „Македонија“ е очигледно име што е наследено уште од антиката.

Патниците се соочуваат со знак на кој туристите се поздравуваат со зборови за добредојде во Македонија, и тоа во двете земји. Македонија е дел од ОН под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија, и тоа се користи за официјална примена, но на решавање на проблемот уште се работи.

Нимиц за Би-би-си потенцира дека овој спор има историска важност и е клучен за градењето на нациите, па неговите обиди за решавање на проблемот не се само смислување придавки. Исто така, вели дека ги разбира и Грците и Македонците – Грците бидејќи чувствуваат закана за одземање на територија, а Македонците бидејќи некој ги нарекува „нови“, а тие имаат право да се чувствуваат како да се домороден народ како и сите други.

Листата со предложени имиња е долга: Нова Македонија, Славо-Македонија, Република Скопје, Горна Македонија. Ниедно од нив не е прифатено. Сепак, Нимиц вели дека е оптимист и дека многу скоро времето ќе биде погодно за решавање на спорот, особено поради промената на власта во земјата и потребата на Македонија да стане дел од ЕУ и од НАТО-семејството. Убедувањето на гласачите во двете земји ќе биде тешко, вели Нимиц. Македонските лидери ветиле дека секој договор ќе мора да помине преку референдум.

Нимиц за Би-би-си истакнува дека дел од решавањето е и да се охрабрат луѓето да не го гледаат проблемот како прашање на национален идентитет, бидејќи се работи за формулација на името на државата заради дипломатски цели, а тоа нема да влијае врз просечните луѓе. Не преговараме за идентитет, ако беше така, ќе си заминев од тука, изјавил Нимиц.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА ЦЕЛАТА СТОРИЈА НА ББС