Вебкафе

Човек без раце и нозе стана фотограф и докажа дека во животот не постојат пречки


Ахмад Зулкарнајн од Индонезија е роден без раце и нозе, но тоа не го спречи, благодарение на својата упорност и снаодливост, да стане фотограф.

Ахмад има 24 години, а со професионалниот фотоапарат управува со помош на своето лице, носот, устата, челото и со помош на вишокот кожа на остатоците од рачните екстремитети.

Откако ќе ги фотографира фотографиите, тој ги префрла на својот лаптоп и продолжува да ги обработува. За полесно да го тера бизнисот како професионален фотограф, Ахмад ја основаше и сопствената компанија Dzoel.

„Не сакам луѓето да ги видат моите фотографии и да мислат кој сум јас. Сакам да ја видат мојата креативност“, вели Зулкарнајн за Ал Џезира.

Освен што ги мотивира луѓето ширум светот, тој исто така докажува дека нема пречка во животот која не може да биде надмината.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top