Вебкафе

Чоколадна торта наместо појадок – за симнување на вишокот килограми


Како мали обично не караа и подучуваа дека чоколадо и чоколадна торта во никој случај не треба да се јаде наместо оброк (ви текнува на она „ќе си го расипеш ручекот со чоколадо или торта пред јадење“), туку само за специјални поводи.

Но, една студија од универзитетот во Тел Авив вели го тврди токму спротивното. Според ова израелско истражување, јадењето торта за појадок им помогнало на оние кои држеле диета да ослабат.

За потребите на студијата истражувачите собрале 193 возрасни личности со преголема тежина, од кои на половина им било доделено да консумираат обилен појадок (од 600 калории) кој вклучувал десерт како колач, парче торта, или крофна, додека другата половина јадела појадок од 300 калории.

И двете групи внесувале еднаков број на калории – 1600 дневно мажите и 1400 жените, а групата која имала обемен појадок имала помалку калорична вечера (300-400 калории) во споредба со другата група.

По 16 недели партиципантите во двете групи изгубиле скоро идентичен број на килограми, а им било сугерирано по завршување на студијата да се придржуваат на истиот вид на исхрана.

Групата која го јадела помалиот појадок повратила во просек 11kg, додека оние со обемниот појадок изгубиле во просек дополнителни 6kg – уште еднаш потврдувајќи дека појадокот навистина е најважниот оброк во денот.

Уште поинтересен е фактот што групата која појадувала со десерт имала пониско ниво на грелин (хормонот кој го стимулира апетитот), и помалку огладнувала во текот на денот.

Причината за ова е што по будењето, на мозокот веднаш му е потребна енергија и во тој период од денот телото храната ја конвертира во енергија додека подоцна во денот ја складира во маснотии, а десертот наутро вообичаено ја намалува потребата за јаглехидрати подоцна во денот.

Секако, константно внесување на рафиниран шеќер и брашно во телото не е добро за никого, така да јадењето парче торта по појадок от дефинитивно не треба да ви стане секојдневна навика.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top