Членовите на новата влада на прием кај Иванов


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов утрово во 10.15 часот  ги прими членовите на Владата на Република Македонија. 

Со 62 гласа за, 44 против и 5 воздржани Собранието пред полноќ ја избра  новата влада која ќе ја предводи премиерот Зоран Заев.

Гласањето за избор на владата се изврши по предлогот за состав на владата во целина со јавно гласање, по завршувањето на претресот што траеше два дена. По гласањето на владата, новите министри дадоа свечени изјави.

Пратениците во парламентот гласаа за доверба на новата влада која е составена од 26 министри.