Четврток со облаци и снег


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претежно облачно со повремени врнежи од снег, во источните и јужните делови претпладне поинтензивни.

Снежната покривка од овој снежен бран насекаде ќе се зголеми, на места за 20 до 30 сантиметри. На запад врнежите претпладне постепено ќе престануваат, а до крајот на денот ќе завршуваат и на исток.

Утринските температури ќе се движат од минус 6 до 1 степен, додека дневните ќе бидат во интервал од минус 3 до 2 степена.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу минус 2 и дневна до 0 степени.

Во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно, а утринските температури ќе бидат во опаѓање.