Четвртина од 100-те најбогати Индијци потекнуваат од оваа пустинска област


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред околу 200 години Шекавати, во пустината Тар, во Раџастан, станал магнет за најбогатите луѓе од Индија.

Овој регион во 19. век се наоѓал на популарна трговска маршрута и благодарение на тоа брзо се развивал и за релативно кратко време во него биле формирани повеќе од 100 села, 50 тврдини и палата.

12.4.Shekhawati1

Всушност, речиси четвртина од 100-те најбогати луѓе во Индија потекнуваат од Шекавати, вклучувајќи го и фармацевтскиот милијардер Аџаја Пирамала и „господарот на челикот“-  Лакшим Митал.

Многу богаташи, кои својот имот го стекнале во Мумбај, биле привлечени од погодностите што им ги нудел Шекавати, како што биле намалените даноци и на крајот станале уште побогати тргувајќи со опиум, памук и зачини.

12.4.Shekhawati2

Тие тука изградиле и раскошни дворци со огромни градини. Натпреварувајќи се меѓу себе бизнисмените ги плаќале уметниците да им направат што поубави и пошарени мурали на фасадите и во ентериерот.

Шекавати набрзо станала вистинска галерија на отворено, но, за жал, со краток здив. Во текот на првата половина на 20. век жителите, еден по еден, ги напуштале своите домови и се преселиле во Мумбај и во Калкута, па дури и во САД.

12.4.Shekhawati3

До педесетите години на минатиот век оваа област повторно станала сиромашна, а локалните власти не можеле да направат ништо за да го сочуваат раскошт од пропаѓање.

12.4.Shekhawati4

Денеска Шекавати е место кое изгледа како времето да го заборавило, но локалните жители и натаму се надеваат дека ќе станат туристичка атракција.