„Чешкиот Трамп“ победник на парламентарните избори во Чешка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Андреј Бабиш, чешки милијардер и лидер на движењето АНО, со убедлив процент освоени гласови победи на парламентарните избори во Чешка, на кои гласачите им кажаа „не“ на традиционалните партии, и му го дадоа мандатот на „чешкиот Трамп“ за борба против политичката корупција. Бабиш се соочува со обвинувања за измама, злоупотреба на европските фондови.

Популистичкото движење АНО на Бабиш, освои 29,6 отсто од гласовите, три пати повеќе од најблискиот ривал, опозициските конзервативци Граѓански демократи кои добија 11,3 отсто.

Социјалдемократите, кои со АНО ја водеа владата од 2014 паднаа на рекордно ниски 7,3 отсто. Второто протестно движење, крајно десничарската Партија на слободата и директната демократија (СПД) е на трето место со единаесет отсто од гласовите.

Бабиш е соочен со тешки коалициски преговори бидејќи и поранешните партнери социјалдемократите и христијанските демократи вчера кажаа дека не можат да бидат во влада со некој кој е под полициска истрага.

Граѓанските демократи исто така исклучија коалицирање со АНО, како и две други помали партии.