Червар повторно се враќа во Металург?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат одредени медиуми Лино Червар денес би требало да пристигне во Скопје и повторно да ја преземе функцијата на главен тренер на Металург.

Хрватскиот стратег веќе подолго време е отусутен поради обврски со репрезентацијата, а тимот го водеше Александар Јовиќ заедно со Ванчо Димовски.

Металург во последно време игра многу лошо и врза пет порази во низа, па најверојатно тоа е причината што Червар ќе се врати на кормилото.

Се уште не е познато дали уште викендов ќе го води тимот против Мотор Запорожје, но би требало неговото враќање да има добар ефект врз тимот.