Актуелно

Чавков: Им ги спасував животите на пратениците!


Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, изјави дека со материјални докази ќе потврди дека раководел со акцијата за смирување на состојбата во Собранието по насилствата на 27 април минатата година и дал клучен придонес.

„Целиот работен век го поминав во МВР. Чесно, совесно и професионално сум ги извршувал задачите. Предметот е апсурден“, рече Митко Чавков, пред судиите.

„Директно раководев со акцијата на 27 април. Дадов придонес да се спасат животите на пратениците. Незаконски ме лишија од слобода. Одлуката за апсење беше донесена во мај, а спроведена во ноември. Невин сум“, додаде Чавков.

Тој нагласи дека не го интересира кои се сведоците.

„Јас знам што сум правел. Целиот процес е документиран. Има еден метар документација за тој ден, ги има сите мои наредби од тој ден. Тие наредби биле експлицитни, да се спроведе акција“, рече пред тричлениот судиски совет поранешниот министер за внатрешни работи.

Чавков рече дека не познава никој од осомничените, освен неколку полицајци, и дека цели 30 години работел за безбедноста на државата, притоа нагласи дека верува во судиите и во правниот систем.

Адвокатот на поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, Сашо Дуковски, на денешното рочиште рече дека Чавков има преживеано инфаркт и мора да се движи дневно по 10 километри и да прима посебна храна.

Вишото јавно обвинителство смета дека притворот за Чавков треба да остане зашто тој може да влијае врз сведоците и други лица.

Коментари

Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top