Спорт

Чави: Меси полудува ако не му ја додадете топката!


Легендарниот шпански плејмејер, Чави последните денови од кариерата ги поминува во катарски Ал Сад, но за медиумите говореше за карактерот на Лео Меси, долгогодишниот соиграч од Барселона.

Чави во каталонскиот гигант освои 25 трофеи и помина многу години заедно со арегнтинскиот „волшебник“.

„Барселона или Аргентина не можат себе да си дозволат топката во текот на мечот да не биде кај Меси. За Меси е важно секогаш да биде таму каде што е топката, а ако не е блиску до неа тогаш морате да му ја додадете. Во спротивно то полудува. Меси е тој што ќе направи се што е потребно за на тимот да му оди добро “, изјави 37-годишниот Чави.

Чави смета дека Аргентина ќе се извлече од неповолната ситуација и дека ќе се квалификува на Светското првенство.

„Аргентина е способна да го освои Светското првенство следната година. Точно е дека сега се во тешка ситуација, но сите ќе се согласат дека во Русија ќе бидат фаворити, ако се пласираат. Имаат играчи кои се спремни на тоа, а сега и вистински тренер. Хорхе Сампаоли е многу ценет“, заклучи Чави.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top