Живот

Чајче кое лечи од анемија, воспаленија и настинки


Лековитиот чај од коприва е популарен во светот бидејќи обилува со големо количество на витамини, минерали и хлорофил, кои го јакнат имунитетот и помагаат во лекување на разни болести, настинка и сериозни воспаленија.

Ако во вашиот двор забележите коприва, не ја сечете, туку искористете ги нејзините зелени листови и направете чај кој ќе го зајакне вашиот организам. Ако сте подложни на чести настинки и воспаленија, копривата ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот, бидејќи е богата со бакар, витамин Ц, магнезиум, манган и цинк.

Копривата содржи многу железо поради што се смета за верен борец против анемија. Оваа болест често ги погодува децата, адолесцентите, бремените жени и постарите лица, а железото многу тешко се надоместува преку храната. За да избегнете разни таблети, најдобро е да пиете чај од коприва.

Лицата кои се борат со вишок килограми, можат да ја користат копривата која создава чувство на ситост и поволно влијае на регулирањето на телесната тежина. Помага при побрзо исфрлање на урината поради што се смета за природен чистач на организамот.

Мажите можат да имаат голема корист од копривата бидејќи таа со години се користи за лечење на простата по природен пат и спречување на појава на малигни тумори на оваа жлезда.

Чајот од коприва е одличен и за лица кои имаат проблеми со поленска грозница која предизвикува неконтролирано чешање, иритација, црвенило на очите и кивавица.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top