Бутарис јавно предложи: Република Нова Македонија или Северна Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, во интервју за австрискиот весник „Курир“ јавно истакна две компромисни решенија за спорот со името.

Република Нова Македонија или Северна Македонија се алтернативите, кои Бутарис ги соопшти во интервјуто, при тоа потенцирајќи дека Грција никогаш нема да ја признае Македонија под нејзиното уставно име.

Бутарис инаку за време на посетата во Скопје, во изјава за медиумите го употреби токму уставното име на земјава, поради што предизвика бурни реакции во грчката јавност.

Тој одговори дека е целосно рамнодушен и потенцираше дека тоа не им оди во прилог на напорите што се прават за подобрување на односите меѓу двете земји.