Бускетс призна: Потребни ни се засилувања!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона синоќа загуби на „Камп Ноу“ од Реал Мадрид со 3:1 во првиот дуел од Суперкупот на Шпанија.

После натпреварот Серхио Бускетс јавно призна дека на тимот итно му се потребни засилувања до крајот на преодниот рок.

„Потребни ни се засилувања. Не поради овој резултат туку за да се освежи тимот. Ситуацијата е тешка, но на Бернабеу ќе одиме со намера да победиме. Ова е разочарувачки за нашите навивачи, но во минатото покажавме дела можеме да победуваме во Мадрид“, изјави Бускетс.

Реваншот во Суперкупот ќе се одигра в среда во Мадрид од 23 часот, а Реал по првиот меч има предност од 3:1.