Буфон се предомисли и ја „шокира“ Италија: Не е крај!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Само две недели откако се повлече од италијанската репрезентација, Џанлуиџи Буфон наговести дека би можел повторно да го облече дресот на „аѕурите“.

Легендарниот голман својот последен, 175-ти натпревар за италијанската репрезентација го одигра против Шведска во баражот за СП.

Тогаш 39-годишниот Буфон најави повлекување од репрезентацијата, но сега тврди дека никогаш нема да одбие повик од репрезентацијата „дури ни на 60 години“.

„Одлучив да се простам од репрезентацијата, но ако биде потребно никогаш нема да одбијам повик во иднина. За репрезентацијата и Јувентус секогаш сум спремен. Дури и кога ќе имам 60 години нема да можам да одбијам да го носам дресот на нацијата“, изјави Буфон.