Актуелно

Буџет од 3,44 милијарди евра за 2018, повисоки плати за АРМ, здравство, образование


Буџетот за 2018 година тежи 3,44 милијарди евра. Се предвидуваат повисоки плати за десет проценти за сите припадници во армискиот состав.

Обезбедени се средства за пет проценти покачување на платите на докторите и медицинските сестри во јавните здравствени установи и планирани се средства за зголемување на платите во основните и средните училишта и во градинките.

Од 1 јануари Владата планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари.

Прогресивното оданочување ќе почне од јануари 2019 година. Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека и сега да се подготват законите ќе нема време целата реформа да почне да се имплементира од јануари 2018 година.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top