Бубевски од СЈО: Решението за притвор е неизвршно само во Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Обвинителот Гаврил Бубевски од специјалното јавно обвинителство изјави дека мора да има притвор за Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, поранешен вработен во УБК.

Според него, само во Македонија решението за притвор е неизвршно. „Притворот мора да се спроведе“, вели обвинителот на СЈО. Бубевски посочи дека аргументите и доказите се на нивна страна. Обвинителот истакна дека веруваат дека Врховниот суд ќе ја потврди одлуката на Апелација за притворот на Грујевски, Јакимовски и Бошковски. Бубевски вели дека поради одлуката на Врховниот суд, во случајот со притворот на Сеад Кочан, луѓето чекаат дома за да одат во притвор. Одлуката на Врховниот суд за притворот на Кочан, Бубевски рече дека е несреќна.

Во однос на обвинувањето дека СЈО не дозволило увид во доказите за градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, тој вели дека кога истрагата ќе се заврши, секој може да побара копија од сите докази.